Overview
Правно-административен соработник / HR Jobs in Skopje, Skopje Statistical Region, North Macedonia at BE-DA Logistics
Title: Правно-административен соработник / HR
Company: BE-DA Logistics
Location: Skopje, Skopje Statistical Region, North Macedonia
Доколку имате правно образование, уживате во организирање процеси и сакате да бидете дел од компанија која активно расте, ве покануваме да се придружите на нашиот тим во Скопје.
Како дел од оваа позиција, ќе имате важна улога во поддршката на правните и HR процесите, обезбедувајќи усогласено и ефикасно функционирање на компанијата.
Ваши одговорности:
• Подготовка и администрација на договори за вработување и останата работно-правна документација
• Изработка на спогодби и други правни документи поврзани со работните односи
• Подготовка на правни поднесоци и комуникација со надлежни институции
• Координација на процесите за регрутација и селекција на кандидати
• Објавување и управување со огласи за вработување
• Подготовка на податоци за пресметка на плати
• Пријава, одјава и евиденција на вработени
Идеалниот кандидат:
• Има завршено правен факултет
• Поседува најмалку 2 години релевантно работно искуство
• Добро ги познава трудовото и корпоративното право
• Работи организирано, прецизно и со високо ниво на доверливост
• Одлично се снаоѓа во MS Office
Доколку се препознавате во оваа улога, испратете ни ја вашата биографија на [email protected] и станете дел од компанија со повеќе од 15 години искуство во транспортот и логистиката.